Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ убедливо стигна до својата 12-та професионална победа во кариерата.
Тој во Холивуд, Флорида, го совлада Ридел Букер со прекин во петтата рунда.
Веќе во првата рунда покажа колку е подобар од противникот. Во втората Филип го здрма Американецот, па судијата двапати му броеше на Букер.
Хрватот продолжи да удира, а судијата го прекина мечот поради силните удари.
„Одиме луѓе, да го потпишеме договорот, не е толку тешко. Нетрпелив сум, се чувствувам добро и сакам тешка борба. Боксерите најчесто зборуваат преку Инстаграм и не сакаат да се борат против Ел Анимал. Ми требаат големи имиња. Михаел Хантер, Даниел Дубоа, Поветкин, Дилиен Вајт, Чисора, ги сакам сите“, рече Филип Хрговиќ по борбата.
Хрватската тешкаш доминираше во текот на целата борба, која заврши со технички нокаут.
„Букер навистина беше тежок, мислев дека ќе падне многу порано. Требаше да го оставам повеќе да ме удира и да му возвратам со контри. Постојано го покриваше гардот, но јас завршив добра работа“, рече Филип.
Хрговиќ и Букер добро се познаваат, бидејќи Американецот беше соработник на Филип на претходните подготовки во САД.
„Тој беше добар ковежбач, но се подобри од тоа. Тој има скоро 40 години и секоја чест што вака добро боксираше. Што е следно? Би сакал да се борам со најдобрите во категоријата. Ќе биде тешко за менаџерите да организираат меч за мене. Ајде, момци, потпишете го тој договор!“, повика Хрговиќ.
Тој уште еднаш повтори дека сака тежок противник, сака борба за вистинската титула,
„Нетрпелив сум, имам долга аматерска кариера и се чувствувам подготвен. Сакам тежок натпревар. Има многу боксери на Инстаграм кои само зборуваат, и никој не сака да потпише договор за меч со Ел Анимал.
Филип со победата против Букер ја освои ИБФ меѓународната титула, а веќе ја има на ВБЦ. Но, тој сака повеќе …
„Вајлдер, Фјури или Џошуа? Уште малку треба да напредувам и да имам неколку потешки имиња од порано, но под нивото на нив. Кој треба да потпише? Мајкл Хантер, Џо Џојс, Даниел Дубоа, Дилиен Вајт, Александар Поветкин, Дерек Чисора … Тоа би била мојата подготовка за најдоброто во категоријата“, подвлече Филип Хрговиќ.
Во главната борба на вечерта Девин Ханеј по втор пат ја одбрани титулата во лесна категорија на ВБЦ.
Непоразениот Ханеј го победи Јуриоркис Гамбо со едногласна одлука на судиите и со тоа стигна до 25 победа во кариерата.
Кинескиот тешкаш без пораз Жилеи Жанг го победи Девин Варгас со нокаут во четвртата рунда.