Изградба на скејт парк за екстремни спортови со седум елементи, а воедно уредување и на велосипедски патеки во Кавадарци во рамки на Вардарскиот плански регион со цел подобрување на туристичката понуда каде дневно циркулираат околу 100 корисници. Со промената на туристичката побарувачка и потребите на туристите да патуваат на места кои се генерално непознати и недопрени од човековата рака, Вардарскиот регион кој изобилува со вакви потенцијали, го препознава туризмот како можност за дополнителен развој на истиот. Внесувањето на елементи за екстремни и адреналински спортови во овој регион значително ќе ја подобри туристичката понуда и ќе го направи Вардарскиот регион попривлечна туристичка дестинација.
– Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, вложува во Југоисточниот плански регион. Во Кавадарци скејт паркот е наменет за најмладите или за помладите генерации. Ова е еден адреналински спорт кој придонесува за психофизичкиот развој на најмладите, така што сметам дека во иднина ќе продолжиме со ваков тип на инвестиции, односно преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој преку Швајцарската агенција за развој и соработка, придонесуваме и во областа на туризмот, и во областа на спортот и рекреацијата на младите, појасни Зоран Димитровски заменик министер за локална самоуправа.
За Митко Јанчев, градоначалникот на општина Кавадарци, повеќе од 40-тина деца веќе професионално се занимаваат со оваа спортска содржина која што е невообичаена за нашите предели и региони, но според анкетите спроведени пред објавување на проектот кои што покажаа дека треба скејт парк, покажа оправданост во целост.
– Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарска агенција за развој и сорабтока во соработка со Општина Кавадарци одвоивме инвестиција во висина од 8 милиони денари, и го направивме овој скејт парк во комплексот на спортскиот центар Јасмин во Кавадарци. Искрено кажано, како градоначалник на почетокот бев малку скептик за по-адреланински спорт, меѓутоа Општина Кавадарци покажа дека има деца и млади кои што сакаат да скејтаат и кои што сакаат да го практикуваат овој спорт. Со фактот дека имаме 40-тина млади кои што веќе професионално се занимаваат со оваа спортска содржина кој што е невообичаена за нашите предели и региони така што мислам дека направивме вистински погодок со неговата изградба, вели тој.
Швајцарската агенција за развој и соработка е присутна во нашата држава од 1992 година, го поддржува регионалниот развој по интензивно во изминатите шест години, во соработка со Министерството за локална самоуправа.
– Она што е од клучна важност е кога се дефинираат проектите кои што се инвестираат во регионите и во општините, секогаш одиме со принципот на партиципативност. Имено учествуваат граѓаните во одлучувањето на тоа каде и што ќе се инвестира, така што тоа е клучна вредност за Швајцарија и се обидуваме таа вредност да ја пресликаме во проектите кои што ги спроведуваме на терен. Токму затоа ми е мошне драго, иако морам да кажам дека на почетокот бев скептик кога ми кажаа дека сакаат да инвестираат во скејт парк во Кавадарци. Сега на терен можам да видам дека навистина се користи од младите деца во градот, тие се ентузијасти. Се надевам дека во иднина и другите општини ќе остават толку добар пример, затоа што здравјето на младите луѓе и спортот треба да бидат примарна одговорност на нашето општество, вели Мирјана Македонска, националната програмска координаторка на Амбасада на Швајцарија во Скопје.
– Поднесовме одлична иницијатива да направиме еден скејт парк, по современи стандарди и безбедносни димензии, каде што аплициравме во Општина Кавадарци и заедно со градоначалникот Митко Јанчев направивме исчекор, почнавме со соработка за скејт паркот, го направивме според сите стандарди. Многу сме среќни што тука ќе е свртилиште на децата од градот, а во иднина можеме да организираме многу светски натпревари овде, како и собиранки, вели Виктор Василевски, Претседател на Здружение на скејтери во Македонија.