Премиерот на Етиопија, Аби Ахмед денеска ги смени началникот на Генералштабот, началникот на службата за разузнавање и министерот за надворешни работи, откако армијата ја продолжи офанзивата кон регионот Тиграј, користејќи и авијација.
Прес-службата на премиерот ги потврди промените на Твитер, но не ги наведе причините за отпуштањата.
Аби почна воена кампања во средата, иако меѓународната заедница повика на дијалог со партијата „Тиграјски народен ослободителен фронт” (ТПЛФ), наместо да предизвика граѓанска војна.
„Тиграјанците” го имаа главниот збор со децении, сè додека Аби не ја презеде власта во 2018 година и постојано се обидува да го намали нивното влијание во земјата.