Како одговорна партија СДСМ постојано работи на креирање и реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните. Ги реализираме дадените ветувања во Програмата.
Владата предводена од СДСМ ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден за сите граѓани.
Сега во надлежното министерство, во Министерството за труд и социјална политика се создава законско решение со кое недела ќе биде слободен ден за оние кои сакаат да бидат со своите семејства.
Ова е сериозен чекор во градењето на фер општество за сите и сериозен чекор кон унапредување на условите за работа на работниците и работничките.
На сила стапија измените на Законот за судски такси, со кои граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега граѓаните нема да платат повеќе од 6.000 денари.
Со ова, правдата станува подостапна за сите, имајќи предвид дека претходните судски такси беа превисоки што често беше причина граѓаните да се откажат од барање правда поради високи финансиски трошоци.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Покажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро.