Во последните 24 часа се регистрирани 730 нови случаи на коронавирус на Косово, а 11 лица починаа како резултат на Ковид-19. Со тоа бројот на смртни случаи се зголеми на 755, објави Националниот институт за јавно здравје.
Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата на Косово е 24.155, а излечени се 16.122 лица.Во моментов има 7.278 активни случаи на коронавирус во Косово.