Двајца мажи беа уапсени пред неколку дена во Цирих поради можна поврзаност со терористот кој уби неколку лица во главниот град на Австрија на 2 ноември. Тие го посетиле напаѓачот во јули во Виена и не е исклучено терористот да бил во Цирих, објави Ројтерс повикувајќи се на швајцарските медиуми.
Весникот НЗЗ известува дека станува збор за двајца мажи на возраст од 18 и 24 години, кои патувале во Виена помеѓу 16 и 20 јули, за да се сретнат со напаѓачот на непозната локација.
„Сè уште не е познато дали тие само го посетувале убиецот или дали биле поврзани и со терористичкиот акт. Сигурно е дека тие биле пријатели”, наведува весникот.
Атентаторот од Виена имал контакти и со исламистичката сцена во Германија. Албанецот со потекло од С.Макеонија, а роден во Австрија, Кујтим Фејзулаи, во терористички напад уби четири и рани повеќе од 20 лица во Виена.