Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 426 новоинфицирани со коронавирус, врз основа на анализа на 840 примероци, што е повеќе од половина од испитаните. Тоа е пораст во споредба со вчерашниот број на новоинфицирани, кој беше 300.
Четири смртни случаи поврзани со Ковид-19 биле пријавени во Институтот за јавно здравје, објави „Вијести“.Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на јуни е 328, а од почетокот на годината 337.
Во последните 24 часа, пријавено е дека оздравеле 349 пациенти. Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на оздравени во изминатите 24 часа, вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 6.575. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 22.805.