Дритан Абазовиќ позитивен на коронавирусот

Лидерот на црногорското граѓанско движење УРА и кандидат за министер за одбрана во новата црногорска Влада, Дритан Абазовиќ, вечерва соопшти дека е позитивен на коронавирус.

„По тестирањето се покажа дека сум позитивен на коронавирусот”, напиша Абазовиќ на Твитер.

Тој во твитот додава дека се чувствува добро, дека се наоѓа во самоизолација и се надева дека наскоро ќе може да се врати на редовните должности.

„Грижете се за себе и за своите најблиски, носете маска и држете се на дистанца”, напиша лидерот на УРА, една од трите групации што победија на последните парламентарни избори и се дел од новата црногорска владина коалиција.

Треба да знаете
Последни објави