Македонија, Србија и Албанија ќе потпишат договор како да си помагаат и да фуниционираат во услови на корона-криза

Премиерите на Северна Македонија, Србија и Албанија, Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и министрите за здравство на трите земји, денеска ќе одржат онлајн-координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови на кризата предизвикана од ковид-19.

Премиерот Зоран Заев преку видеоврска ќе биде и домаќин и на потпишувањето на билатералниот договор помеѓу Албанија и Србија за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

По видеосостанокот одржан на 30 октомври со премиерите Зоран Заев и Еди Рама, српскиот претседател Вучиќ кажа дека е важно што се донесени неколку одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна од 10 ноември.

-Тогаш ќе може да се оди во Албанија и Северна Македонија без ПЦР-тест, или оттаму во Србија, соопшти Вучиќ.

Тој додаде дека министрите за здравство во наредните денови ќе формулираат договори како едни на други да си помогнат, Србија да може да прима пациенти од Скопје и од Тирана и тие да можат да примаат српски државјани кои се наоѓаат на нивна територија, како да се регулираат трошоците.

Постигнат  е договор и за намалување на времето на задржување на границата. Според Вучиќ, станало збор и за работните дозволи, потоа за вонредната состојба, односно помагање едни на други кога ќе се појават природни непогоди, како и уште побрза работа на царината.

Треба да знаете
Последни објави