Белоруските безбедносни сили уапсија повеќе од 1.000 учесници во демонстрациите во Минск и во неколку други градови, соопшти организацијата „Весна“.
Организацијата на својата веб-страница објави список со 1.003 уапсени лица, од кои повеќето се во Минск, пренесува ТАСС.
Протестите се одржуваат во Белорусија од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, а учесниците тврдат дека изборите биле наместени и бараат смена на претседателот Александар Лукашенко.