Компанијата „Убер“ во првите три квартали од оваа година забележала загуба од 5,8 милијарди долари. „Убер“ соопшти дека во третиот квартал приходите биле 3,1 милијарди американски долари, што е за 18% помалку од истиот период минатата година. Главниот финансиски директор на „Убер“, Нелсон Чаи, изјави дека е убеден дека компанијата ќе биде повторно профитабилна до крајот на следната година. Загубата на компанијата минатата година беше 8,5 милијарди долари, додека годинава веќе изгуби 5,8 милијарди долари.
Ден по претседателските избори во САД, акциите на компанијата пораснаа за скоро 15%.