Поставен бројчаникот на Заев: 1136 починати, 40.000 без работа и над 2 милијарди евра долг

Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше. 39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата. Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП.

Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев, затоа треба оставка и тоа веднаш. Денес, го прашуваме СДСМ дали можете уште повеќе и уште подобро? Ние одговорот го знаеме, сигурни сме дека можете уште повеќе и уште полошо! Со СДСМ важи изреката кога мислите дека дното е пробиено, СДСМ го докажува спротивното, може уште повеќе да тонеме!

Периодов наместо да броиме успеси, броиме неуспеси и трагедии.

Овие 1136 починати лица, не се само обична бројка на хартија, тоа се нечии родители, браќа, сестри, деца, тоа се судбини на илјадници семејства, голем број од кои можеби ќе ја преживееле болеста доколку за тест не се чека и по неколку дена, па потоа за резултат уште толку. Голем дел ќе преживееле, доколку имаше слободни места во болниците. Голем дел ќе преживееле доколку имаа пари да се лечат во приватните болници, за што се собираа донации, бидејќи државното здравство потфрли. Ова е трагедијата на македонското здравство на чело со Венко Филипче. Затоа мора оставка веднаш. Македонија нема луѓе за губење.

 

Треба да знаете
Последни објави