Красниќи: Не се чувствувам виновен, се боревме против окупатор

Поранешниот претседател на косовскиот парламент и екс-портпарол на ОВК, Јакуп Крансиќи, на првото судско рочиште против него, во Специјализираниот суд во Хаг, рече дека неговиот ангажман било борба против окупаторот, а не против поединци. Во оваа пригода, Красниќи категорично рече дека не е виновен и дека му се прави голема неправда.

-Сакам да изјавам дека никогаш во мојот живот во ниту еден единствен случај не сум се однесувал кон луѓе, како се однесувавте кон мене од затворската зграда. Никогаш во животот не сум се однесувал на луѓе на овој начин, бидејќи не ми беше целта да се однесувам кон луѓето, туку борбата против окупаторот кој изврши злосторства на Косово. Се чувствувам подобро и никогаш не би сакал да бидам во маската на луѓето кои имаат криминален дух, додал Красниќи.

Треба да знаете
Последни објави