Путин смени тројца министри

Рускиот претседател Владимир Путин смени тројца министри од неговата влада.

Сменети се министерот за сообраќај Евгениј Диетрич, министерот за животна средина и природни богатства Дмитриј Кобилкин и министерот за градежништво Владимир Јакушев, а премиерот Михаил Мишустин предложи нови луѓе.

Мишустин му препорача на Путин унапредување на министерот за енергетика, Александар Новак на позицијата заменик премиер. На негово место, Мушустин го сака Николај Шулгинов, директор на „РусХидро“.

Рускиот премиер го сака директорот на „Аерофлот“, Виталиј Савелиев, за нов министер за транспорт, додека тој го препорача сегашниот министер за развој на Далечниот исток и Арктикот, Александар Козлов, за министер за животна средина. Ирек Фајзулин, сегашен заменик министер, е номиниран за нов министер за градежништво.

Новите министри треба да ги потврди Думата – Долниот дом на парламентот.

Треба да знаете
Последни објави