Бајден одби да коментира за британските медиуми – „Би-би-си? Јас сум Ирец!“

Британско-американските односи под потенцијалното претседателство на Џо Бајден се на лош почеток, коткако 77-годишниот демократ одби да даде коментар за британскиот печат, велејќи: „Би-би-си? Јас сум Ирец!“.

Броењето на гласовите во САД продолжува во некои области и резултатите не се официјално заверени, а претседателот Доналд Трамп обвинува за измама и одбива да се повлече. Сепак голем дел од мејнстрим медиумите го прогласија Бајден за победник или барем за најверојатен победник на изборите.

Јавно финансираната британска радиодифузна корпорација, Би-би-си, беше еден од тие медиуми, но ниту ова ниту несомнено избрзаните честитики од премиерот Борис Џонсон до Бајден се чини дека не им направија никаква услуга, како што открија кога му побараа „кус коментар“ за нивните гледачи.

„Би-би-си? Јас сум Ирец “, одговори Бајден, оддалечувајќи се со насмевка, што според некои беше сигнал дека демократот – кој претходно не криеше дека е непријателски настроен кон брегзит – нема да биде пријателски настроен кон Велика Британија како полубританецот Трамп.

„ Како што можете да видите од овој клип, Бајден ја мрази Велика Британија“, прокоментира водечкиот поборник за Брегзит и сојузник на Трамп, Најџел Фараж.

„ Конзервативците имаа 4 години да склучат трговски договор со САД и со пробританскиот претседател, и не успеаја. Сега нема шанси “, додаде тој, осврнувајќи се на британско-американскиот трговски договор поттикнат од претседателот Трамп, кој Британците може а да го потпишат откако го повратија своето право од ЕУ да склучуваат меѓународни трговски зделки.

Сметајќи се себеси за Ирец – иако неговиот колонијален предок Вилијам Бајден се чини дека бил Англичанец – Бајден беше прилично јасен дека ја зазема страната на ЕУ во нејзините кавги со Британците, притискајќи ги да потклекнат пред различните барања на ЕУ за постојана контрола над нивните територијален риболов, државна помош и регулаторен режим во име на мирот во Северна Ирска, и составен дел на Обединетото Кралство поделено помеѓу британското унионистичко мнозинство и ирското националистичко малцинство.

Ентони Гарднер, советник во кампањата на Бајден и поранешен амбасадор на САД во ЕУ, предвиде дека Бајден ќе објави „декларација за поддршка на ЕУ“ рано на почетокот од мандатот – можеби уште првиот ден – а поранешниот британски амбасадор во САД, Ким Дароч, исто така предвиде дека тој можеби нема да има топол однос кон Борис Џонсон поради „незадоволството“ од британскиот лидер кај „некои луѓе на Обама“ во неговиот тим.

Треба да знаете
Последни објави