Не може уставните судии со деловник да си го зголемат надоместокот на плата

Државната комисија за спречување на корупцијата изрази сомнеж за додатоците на плата за уставните судии, кои самите си ги изгласале со промена на Деловникот.

Претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека не може со Деловникот за работа на Уставниот суд судиите да си го зголемат надоместокот на плата.

„Факт е дека тие работат по Деловникот од 1991 година, кој е застарен. Уставниот суд неодамна го променил Деловникот, зел одредба од законите што ги третираат тие права, но факт е и дека во Уставот стои оти со Деловникот се уредува начинот на постапување со нивните предмети, а не правата за посебен додаток. Не може нешто да се уредува со деловник ако тоа што треба да се уреди, треба да биде со закон“, изјави Ивановска.

Додаде дека комисијата ќе заседава за оваа одлука на уставните судии.

Треба да знаете
Последни објави