Голманот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро, сака да се договори со клубот за предвремено раскинување на договорот, пренесува „The Sun”. Според изворот, 33-годишниот Аргентинец по повлекувањето од составот е без играчки тренинг, па има намера да го напушти клубот.
Претходно во медиумите имаше информација дека клубови од американската лига – МЛС, се заинтересирани за голманот, но работата не дојде до конкретни преговори.
Актуелниот договор на Ромеро со Манчестер Јунајтед истекува следното лето.
Ромеро нема ниту еден натпревар оваа сезона.