Во изминатите 24 часа, во БиХ се евидентирани 73 смртни случаи на ковид-19 и 997 новозаболени лица, сооопштија од Заводот за јавно здравје. Нови случаи се регистрирани во сите кантони на Федерацијата, освен во кантон 10. Досега се направени 226.977 тестови на ковид-19, а вирусот е потврден кај вкупно 39.945 лица.
Заклучно со денешниот ден, во БиХ се оздравени 21.856 пациенти, а како активни случаи во земјата се водат 17.107. Вкупниот број, пак, на смртни случаи на ниво на Федерацијата е 983 од кои 652 мажи и 331 жена.