Започнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од четвртиот пакет економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
-Со одлука на Владата, Министерството за економија ќе префрли 60 милиони денари, односно еден милион евра на посебна наменска сметка на Развојна банка на Северна Македонија со што ќе се овозможи почеток на реализацијата на бескаматна кредитна линија за микро и мали средни претпријатија од четвртиот сет економски мерки на Владата за справување со последиците од Ковид-19,напиша Бектеши.
Оваа кредитна линија, посочи, ќе биде лансирана со грант средства од Европската Унија преку Развојната банка во рамките на сетот мерки за ревитализација и рестарт на економијата во услови на Ковид-19.
-На денешната седница на Владата беа усвеоени и две Програми во рамки на Министерството за економија за поддршка на туризмот од четвртиот сет мерки. Со овие две програми почнува реализација на пет мерки во надлежност на Министерството за економија за поддршка на туристичкиот сектор.Се работи за мерките: -Враќање на уплатена такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти -Грантови за лиценцирани туристички агенции -Грантови за лиценцирани туристички водичи -Грантови за ресторани за свадба -Грантови за игротеки, посочи Бектеши
Вкупната вредност на двете Програми за поддршка на туризмот изнесува 459.650.000 денари.
-По објавувањето на програмите во Службен весник, Министерството за економја ќе објави јавни повици на кој ќе може да аплицираат сите физички и правни лица, прецизира Бектеши.