Децата во Латинска Америка изгубија четирипати повеќе образовни денови поради пандемијата на коронавирус отколку учениците во остатокот од светот, се вели во денеска објавениот извештај на УНИЦЕФ
Според студијата на таа организација на ООН, повеќе од 137 милиони ученици во Латинска Америка сè уште не се вратиле на училиште, пренесува британскиот весник „Гардијан”.
Иако училиштата постепено повторно се отвораат во повеќе делови во светот, повеќето училници низ Латинска Америка се уште се затворени, се вели во извештајот.
Повеќе од една третина од земјите од Латинска Америка и Карибите сè уште немаат одредено датум за повторно отворање на училиштата.
Евидентирани се повеќе од 11,6 милиони случаи на коронавирус во Латинска Америка и над 400 000 смртни случаи.