Пандемијата предизивикана од коронавирусот создава големи проблеми во таборот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Рома, каде покрај капитенот Един Џеко се појавија уште три нови случаи на инфицирани играчи.Аргентинскиот дефанзивец Федерико Фацио прв доби позитивни резултати од тестирањето извршено вчера, а веднаш по него преку социјалните мрежи се јавија и Лоренцо Пелегрини и Давиде Сантон, потврдувајќи дека се позитивни.
Единствена добра работа за римскиот клуб е што следи репрезентативна пауза, па позитивните фудбалери нема да препуштат многу натпревари на „волчицата“ во калчолигшката конкуренција.