Отпуштањата и невработеноста во Велика Британија достигнаа рекорд во текот на третиот квартал на 2020 година, според официјалните податоци, кои покажуваат дека пазарот на трудот го забрзал падот пред министерот за финансии Риши Сунак да донесе нови мерки за ублажување на ефектите од Ковид-19 за да се обезбеди пресврт на овој тренд.
Бројот на отпуштања се зголеми за рекордни 181.000 во рок од три месеци до септември, достигнувајќи историски највисоко ниво од 314.000 работници, соопшти денеска Националното биро за статистика (ОНС).
Стапката на невработеност се зголеми, како што се очекуваше, на 4,8 проценти. Ова е највисока стапка на невработеност од ноември 2016 година, кога исто така беше забележан нејзино рекордно квартално ниво.