„Дејли мејл”: Меланија Трамп не сака да се слушне со Џил Бајден

Американската прва дама, Меланија Трамп, ги следи чекорите на својот сопруг Доналд, па одлучи да не оствари телефонски разговор со идната прва дама Џил Бајден, објави денеска весникот „Дејли Мејл”.

Трамп веќе неколку дена не ја признава победата на Бајден на изборите и, според извори на Си-Ен-Ен, засега нема намера да го прими Џо Бајден во Белата куќа.

Трамп постојано тврди дека има кражба на гласови на изборите и најавува тужба до Врховниот суд.

„Дејли Мејл” додава дека г-ѓа Бајден веќе има направено распоред за идните активности.

-Џил е фокусирана на составувањето на нејзиниот тим и планот за реализација на приоритетите што ќе се темелат на образованието, семејствата на војниците и ветераните, како и на борбата против ракот, изјави Мајкл де ла Роса, портпаролот на Џил Бајден.

Тој додаде дека идната прва дама на САД изразила желба да продолжи да работи како професор.

Треба да знаете
Последни објави