Американскиот претседател Доналд Трамп повторно проговори, овој пат со обвинувања дека се криела веста за ефикасната вакцина против коронавирус за да не победи на изборите.
Имено, како што објави во новата серија твитови, компанијата „Фајзер“ и другите само чекале да завршат изборите за да најават откривање на ефикасна вакцина против коронавирус.
„Тие немаа храброст да го сторат тоа порано“, рече Трамп, додавајќи дека американската Агенција за лекови требала да го објави тоа порано не од политички причини, туку за да може да се спасат животи.
As I have long said, @Pfizer and the others would only announce a Vaccine after the Election, because they didn’t have the courage to do it before. Likewise, the @US_FDA should have announced it earlier, not for political purposes, but for saving lives!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
Тој додаде дека споменатата агенција и Демократската партија не сакале тој да забележи победа со откривањето на вакцината, туку чекале пет дена за да ја објават.
The @US_FDA and the Democrats didn’t want to have me get a Vaccine WIN, prior to the election, so instead it came out five days later – As I’ve said all along!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
Како што се очекуваше, Трамп го спомна (идниот претседател) Бајден.
If Joe Biden were President, you wouldn’t have the Vaccine for another four years, nor would the @US_FDA have ever approved it so quickly. The bureaucracy would have destroyed millions of lives!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2020
„Да беше Бајден претседател, немаше да имате вакцина уште четири години, ниту ФДА ќе ја одобреше толку брзо. Бирократијата ќе уништеше милиони животи”, рече тој.
Трамп, се разбира, не застана тука. Тој ги нападна и медиумите затоа што, како што рече, прогнозата на изборните резултати беше толку лоша што всушност претставуваше мешање во изборите и тие требаше да бидат oтповикани поради тоа.