По компликациите поврзани со Ковид-19 почина високиот палестински функционер, Саеб Ерекат, соопшти палестинската партија Фатах, јави ДПА
Ерекат (65) имал хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и во 2017 година во САД му била извршена трансплантација на белите дробови, а со коронавирус се заразил минатиот месец.
Бидејќи состојбата му се влошувала, генералниот секретар на палестинската ослободителна организација (ПЛО) кон средината на октомври бил префрлен од неговиот роден град на Западниот брег, Јерихо, во болница во Ерусалим, објаснува ДПА.
Пред неговата досегашна партиска функција, Ерекат речиси две децении беше главен палестински преговарач со Израел, непосредно по мировни преговори во Осло во 1993 година.