Кинеската лабораторија „Синовак бајотек” (Sinovac Biotech) денеска соопшти дека е убедена во безбедноста на својата експериментална вакцина против Ковид-19 и покрај сузпензијата на клиничкото испитување во Бразил по „сериозен инцидент”.
Компанијата наведува дека вакцината не е поврзана со инцидентот во Бразил.
Бразилската санитарна агенција (Анвиса) вчера соопшти дека одлучила да го стопира испитувањето на експерименталната вакцинана „Синовак бајотек” против новиот коронавирус откако на 29 октомври се случил „сериозен инцидент”. Анвиса не соопшти детали за инцидентот, но навести дека такви инциденти би можеле за секундарни последици да имаат дури и смртен исход.
Институтот Бутантан, кој координира со испитувањето на вакцините во Вразил, соопшти дека е „изненаден” од одлуката на надлежните власти.
Испитувањето на кинеската вакцина во Бразил е стопирано истиот дем кога американската фармацевстка компанија „Фајзер” (Pfizer) соопшти дека нејзината вакцина има 90 отсто ефикасност.