Во Бугарија 106 лица починале од коронавирусот за еден ден

За прв пат од почетокот на пандемијата предизвикана од коронавирусот, во Бугарија се регистрирани 106 починати лица во последните 24 часа, пренесе бугарската ТВ „НОВА“.
Здравствените власти кај источниот сосед соопштија дека во државата бројот на новозаразени во последните 24 часа изнесува 3.816 од спроведени 8.825 ПЦР тестови, што претставува многу висок процент на позитивни примероци – над 43 отсто.
Бројот на активни случаи е 51.922, додека 4.004 заразени лица се хоспитализирани.

Треба да знаете
Последни објави