Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Венко Филипче
Гробарот Венко Филипче кој секојдневно завива во црно низа на семејства, упорно продолжува и да ги лаже граѓаните. За девет месеци од корона кризата Филипче покажа само дека може да биде фабрика за мртви, од една страна и од друга страна, фабрика за правење пари за себе и за свои блиски.
Само граѓаните и нивното здравје никако не му дојде на ред.
Неспособниот Филипче доведе до тоа да има повеќе од 40 илјади заболени лица од корона, а како тргнал кој знае до колку ќе достигне бројот.
Неспособниот Филипче е истиот оној кој на почеток на пандемијата велеше бројката во Македонија ќе достигне околу две илјади лица заболени од корона?! Неспособниот Филипче може само да достигне нов но црн рекорд, може да достигне до две илјади починати лица.
По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што Филипче здравствениот систем го стави на колена.
Филипче денес како врв на неспособноста призна дека и не знае што се случува во приватните здравствени установи! Филипче, приватните здравствени установи се дел од здравствениот систем, а вие не знаете што се случува таму! Значи Филипче не го контролираш здравствениот систем како што знаеш да се пофалиш! Срамно! За сето ова одговорносст мора да има и тоа веднаш!
Филипче оставка – веднаш!