Бајден може да го назначи Обама за нов амбасадор во Велика Британија

Иако официјалните резултати од претседателските избори во САД во 2020 година сè уште не се објавени, Џо Бајден наводно веќе започнал план за транзиција за справување со клучните предизвици во земјата и за промена на неколку политики на администрацијата на Доналд Трамп.

Бајден може да го номинира поранешниот претседател Барак Обама за функцијата американски амбасадор во Велика Британија, пренесува весникот „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор.

„Слушнав дека постои можност Обама да биде назначен во знак на благодарност“, тврди изворот.

Британските медиуми објавија дека потенцијалниот потег за назначување на Обама за амбасадор може да се покаже прилично непријатен за премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со оглед на неговите претходни непријателски забелешки за поранешниот американски претседател.

Во 2016 година, на пример, Џонсон, кој тогаш беше градоначалник на Лондон, напиша статија за „Сан“, во која ја коментираше одлуката за отстранување на бистата на иконскиот британски премиер Винстон Черчил од Овалната канцеларија, непосредно откако Обама стана претседател.

„Некои рекоа дека тоа е прекор кон Велика Британија. Некои рекоа дека тоа е наследство од претците на претседателот со делумно кениско потекло, кои ја мразеле британската империја, чиј ревносен бранител беше Черчил,“ тврдеше Џонсон.

Бистата всушност беше на заем во Овалната канцеларија за време на претседателствувањето на Џорџ Буш.

Томи Виетор, поранешен портпарол на Обама, минатата недела објави на Твитер дека тие никогаш нема да ги заборават расистичките коментари на Џонсон за Обама.

Коментарите доаѓаат неколку дена откако Џонсон му ја честиташе изборната победа на Бајден преку твит, во кој исто така го промовираше Вашингтон како најважен сојузник на Лондон.

Треба да знаете
Последни објави