Откако објавија дека се во љубов, Игор Џамбазов и Илина Арсова постојано се тема во медиумите, но и на Инстаграм каде постојано споделуваат фотографии. Двојката половина година живеат заедно и се во љубовна врска.
Дека се шест месеци заедно, објави Игор кој напиша на Инстаграм: „Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото“. Љубовта почна во Дојран, каде Игор замина по Нова Година, летово беа во селото Јанче, каде Џамбазов ги запозна родителите на Илина. Таа таа пред еден месец ја имаше и својата самостојна изложба, а Игор пак е на снимањето на петата сезона на Преспав.
Преземено од Репортер