Според неофицијални дипломатски извори дознав дека освен пазарење со македонската историја, самобитност и национални херои, Заев на Борисов му ветил и влез на бугарски капитал во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска компанија, напиша на Фејсбук пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски за Сител.
– Ние сметаме дека Европската Унија, вклучително и Бугарија, треба да го признае фактот дека Република Македонија во изминатите 20 години заслужила да започне преговори без никакви уценувања. Историчарите нека разговараат за историјата, но почетокот на преговорите не треба да зависи од некакви други барања. Тоа што се зборува во дипломатските неофицијални кругови е дека дел од тензијата којашто е настаната помеѓу Борисов и Заев се однесува од некои дадени ветувања од Заев поврзани со македонската историја, идентитет и јазик. Но, тензијата исто така се поврзува и со ветувањето за влез на Бугарија во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска куќа. Не можеме да знаеме колку е тоа вистина, бидејќи Владата работи затворено, вели Милошоски.