Зголемени продажните цени на индустриските производи во септември во однос на август

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, додека на годишно ниво се бележи намалување од 0,5 отсто.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во септември во однос на август имало повисоки цени во секторите Рударство и вадење на камен за 1,9  и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија тие биле пониски за 0,1 процент.

Во споредба со септември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки повторно во секторите Рударство и вадење на камен и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а пониски во секторот Преработувачка индустрија

На странските пазари, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,1 проценти на месечно ниво и пониски за 1,5 проценти на годишно ниво.

Треба да знаете
Последни објави