Србија со нов дневен рекорд од 2.823 заразени лица со коронавирусот

Во Србија изминатите 24 часа се евидентирани нови рекордни 2.823 пациенти кои се позитивни на коронавирусот, а 14 лица починале како последица од оваа болест. Вкупниот број на заразени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 66.888 пациенти, а евидентирани се 915 смртни случаи.

На болничко лекување во моментот се наоѓаат 2.764 лица од кои 126 се приклучени на респираторни машини. Во последните  24 часа направени се 13.091 тест. Вкупно тестирано до сега се 1.442.642 лица од населението.

 

Треба да знаете
Последни објави