Откако италијанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо на крајот од сезоната ќе се раздели со повеќекратниот првак во Серија А, Јувентус, се огласи спортскиот директор на францускиот првак ПСЖ, Леонардо да соопшти дека имаат пари да го купат еден од најдобрите играчи во светот. И покрај кризата која ја наметна пандемијата предизвикана од коронавирусот Леонардо потенцира дека францускиот првак имаат доволно финансиски капацитети за да ја победат наметната здравствена криза која удри силно и по најважната споредна работа на светот.
Јувентус според медиумите планира да го продаде Роналдо на крајот од оваа сезона, бидејќи неговиот договор завршува во 2022 година, а тие како клуб немаат намера да му понудат нов договор со повисока плата за да го задржат во своите редови искусниот 35-годишен гол-играч и освојувач на бројни колективни и поединечни признанија.
-Во фудбалот не знаете што може да се случи. Можеби Роналдо утре ќе каже дека сака да игра на друго место. Кој може да го купи? Тоа се мал број на клубови кои можат да си го дозволат тоа, а ПСЖ е еден од нив. Ние мора да се подготвиме за преодниот рок и тоа го правиме. Имаме свои приоритети, но може и нешто непредвидливо да се случи, порача Леонардо.