Русија ќе испрати најмалку 22 воено-транспортнио авиони со мировни сили во Нагорно-Карабах, соопшти рускиот Центар за управување со националната одбрана.
Според Центарот 11 авиони веќе полетале за Нагорно-Карабах, а уште 11 авиони се натоварени и чекаатда полетаат.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно-Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.
Мировниот контингент во Нагорно-Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.
За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно-Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.