Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата зона на отворена граница во Шенген, во светло на неодамнешните терористички напади.
„ Сакам да го споменам системот за влез и излез од Шенген зоната, кој треба да биде готов до 2022 година“, рече таа по состанокот со другите европски лидери.
„ Исклучително е важно да се знае кој влегува и кој ја напушта Шенген зоната“, рече таа, пренесува Ројтерс.