Шекеринска и Галовеј во посета на армискиот полигон „Криволак”

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска ќе ги посетат припадниците на Армијата од 1. пешадиска чета од Лесната пешадиска борбена група, кои на армискиот полигон „Криволак” изведуваат колективна обука под менторство на мобилен тим за обука од Обединетото Кралство.

Како што најави Министерството за одбрана, Шекеринска и Галовеј ќе присуствуваат на изведувањето на дел од обуката, по што ќе дадат изјави за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави