(Фото)Македонската експедиција оптимистички расположена пристигна во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација оптимистички расположена по тричасовен лет пристигна во Тбилиси каде утре (18 ч.) против соодветната домашна селекција Грузија ќе го игра натпреаврот за премиерен настап на завршницата од ЕП. И покрај тоа што денот започна со неприатни информации бидејќи во експедицијата поради повреда не се најде Енис Барди, а поради позитивни тестови на коронавирусот останаа во Скопје крсте Велкоски и Кире Ристевски, атмосферата меѓу избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме е победничка.

Сите веруваат, од првиот до последниот дека имаат потенцијал да го направат историскиот чекор за мак-фудбалот иако таква прилика и мотивација ќе има и домаќинот Грузија. Средбата ќе се одигра пред празни трибини поради пандемијата од коронавирусот, па од таа гледна точка двете репрезентации ќе бидат во рамноправна положба оти нема да го имаат дополнителниот протисок од трибините.

Треба да знаете
Последни објави