Полската полиција со солзавец ги растури нередите, предизвикани од хулигани и националисти

Полската полиција денеска интервенираше неколку пати со солзавец и гумени куршуми за да ги растера групите хулигани и националисти во Варшава.

Тие фрлаа кон полицијата со петарди, камења, шишиња од масата учесници на Маршот за независност, што полските радикали и националисти традиционално го организираат на националниот празник на 11 ноември во Варшава, пренесува Бета.

Поради пандемиските и санитарните мерки, класичниот Марш на независност, кога десетици илјади националисти маршираа низ центарот на Варшава, беше забранет од градските власти, а судот ја одби жалбата на организаторите. Поради тоа тие годинава го одбележаа празникот со возење автобили и мотоцикли, накитени се национални знамиња и партиски симболи.

Премиерот Матеуш Моравиецки апелираше до Полјаците да го изразат својот патриотизам со истакнување знамиња на прозорците и балконите и побара да останат во своите домови, а претседателот Анджеј Дуда рече дека среде пандемија, вистински патриотизам е одговорноста да не се заразат сограѓаните.

Сепак, група националисти, заедно со хулигани од навивачите на фудбалски клубови, тргнаа пеш по истата рута од маршот, следејќи ги возилата, и покрај најавата на организаторите дека годинашниот Марш на независност ќе биде само моторизиран.

Првите инциденти се случија на плоштадот де Гол кога шишиња, камења, петарди, метални огради и градски електрични тротинети беа фрлани кон полицијата, која пак, одговори со солзавец. Десетици учесници во нередите се уапсени, потврди портпаролот на полицијата во Варшава, Силвестер Марчак.

Треба да знаете
Последни објави