Иран продолжува да трупа ниско збогатен ураниум далеку над границите утврдени со нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопштија денеска Обединетите нации.
Во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ, до кој пристап имале американски медиуми, се наведува дека Иран до 2 ноември има акумулирано 2.442 килограми ниско збогатен ураниум, наспроти 2.105 килограми во извештајот од 25 август.
Според нуклеарниот договор од 2015 година, во кој учествуваа САД, Германија, Франција, Велика Британија, Кина и Русија, на Иран му е дозволено да складира најмногу 202,8 килограми ураниум.
Иран отворено се закани дека ќе ги прекрши одредбите од нуклеарниот договор, откако САД одлучија во 2018 година еднострано да го напуштат договорот.