Шпанија има повеќе од 40.000 мртви од коронавирусот

Шпанското Министерството за здравство излезе со податокот дека земјата вчера ја надмина бројката од 40.000 умрени лица како последица на заболување со  Ковид-19.

Со оглед на фактот дека Шпанија вчера имаше 349 нови смртни случаи бројот на умрени до синоќа достигна над 40.000 и сега таа е меѓу земјите со најголем број жртви од Ковид-19.

Во Франција, оваа бројка од 40.000 мртви беше надмината минатата недела, а во Велика Британија вчера беше соопштено дека бројот на жртвите надмина 50. 000.

Шпанија во вторникот го регистрира рекордниот број смртни случаи во еден ден – 400.

И покрај застрашувачките податоци, шпанските власти проценуваат дека епидемијата „во последните две недели полека се стабилизира” на 525 заразени на 100.000 жители.

Треба да знаете
Последни објави