Добро познатиот холивудски актер Џон Војт (81), таткото на Анџелина Џоли, никогаш не ја криел поддршката за Доналд Трамп. Борбата против победата на Џо Бајден на претседателските избори, тој ја нарече „најголемата борба од граѓанската војна“, објави Би-Би-Си.
„ Ова е борба на праведните против сатаната. Да, сатана”, рече Војт.
Актерот и силен приврзаник на Трамп синоќа на својот Твитер објави видео од една минута и 47 секунди, во кое инсистира на тоа дека Трамп е вистински победник на изборите и дека неговото признавање како такво е „најголемата борба од Граѓанската војна“.
Војт одбива да ги признае резултатите од претседателските избори.
„ Стојам тука со сето чувство како и јас: згрозен од оваа лага дека е избран Бајден. Како сите да не ја знаеме вистината“ вели актерот.