Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике упати честитки и комплименти на адреса од Серхио Рамос, откако играчот на Реал Мадрид по синоќешниот дуел со пријателски дуел на „црвената фурија“ против Холандија се израмни со бројот на настапите во државниот дрес со италјанскиот чувар на мрежата Џанлујџи Буфон.
Рамос влезе во завршницата на мечот во Амстердам (1-1). За него тоа беше 176. настап во националниот тим, со што стана ко-лидер со Буфон на листата со играчи кои одиграле најмногу натпреаври за своите репрезентации кога е во прашање Европа.
-Серхио е единствен. Тој е на друго ниво. Рекордот за настапи им е на дофат само на оние кои се многу надарени – изјави Енрике по овој настап на својот искусен избраник во тимот.
Рекордот на светско ниво му пришаѓа на Ахмед Хасан кој има одиграно 184 натпреаври за Египет, бројка која Рамос може да ја достигне и надмине ако продолжи во овој стил и не се соочи со некои здравствени проблеми.