Џорџина уште еднаш покажа во што е вешта: „Роналдо е вистински среќник“

Вереницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, позирала на јахта во хеланки и топ маичка додека правела шпага.

Џорџина Родригез сака на својот Инстаграм профил да споделува сексапилни фотографии, а меѓу нив има и такви на кои што вежба.

Манекенката на последните фотографии покажала колку е еластична.

„Помеѓу морето и небото“, напишала Џорџина покрај објавата.

Таа позирала како вежба јога во сина спортска опрема на луксузната јахта во близина на Мадрид.

Родригез објавила уште неколку фотографии на Инстаграм стори на кои што се растегнува, а притоа на главата носела марама, а на нозете бели чорапи.

За објавата на која што прави шпага добила многубројни пофалби и шеги, но и повеќе од еден милион лајкови за само три часа…

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави