Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека Хрватска, со повеќе од 3.000 новозаболени денеска, е во „најтешкиот момент на епидемијата” и истакна дека е клучно граѓаните да ги почитуваат преземените мерки.
Тој на отворениот дел од владината седница рече дека тие мерки се сериозно осмислени и даваат резултати.
– Во моментов, никој во Владата не сака натамошно заострување, затворање и забрана за движење, рече Пленковиќ.
Тој додаде дека сепак постои многу јасен тренд на намалување на растот на новозаразените лица.
– Во последните седум дена имаме 5,5 проценти повеќе заразени. Тоа е важно. Овие мерки ќе доведат до намалување на растот на инфекцијата, рече Пленковиќ, повикувајќи ги граѓаните да ги почитуваат мерките преземени за заштита на здравствениот систем.
– Со подигање на мерки за самодисциплина, граѓаните можат да придонесат за намалување на инфекцијата, рече Пленковиќ.