Откриено е кој ја сликал голата пациентка во ковид-болницата во белградската Арена

Во белградската Штарк арена, органите на српската армија и обезбедувањето на Арената го идентификувале лицето кое ја фотографирало пациентката без облека, а потоа тие слики ги објавило на социјалните мрежи.

Станува збор за пациент кој лежи во една од кабините во ложата, објавија српските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од полугола пациентка, именувана како Анастасија М, заразена со Ковид-19,  опкружена со лекови и инфузија, кои биле снимени во ковид-билницата во Арената.

Директорот на Арената, Горан Грбовиќ, изјавил дека фотографијата на пациентката како се пресоблекува не е од безбедносните камери, туку е направена со телефон.

Треба да знаете
Последни објави