„Притисокот врз здравствениот систем е огромен. Се зголеми капацитетот на болничките возила, но оваа помош е и тоа како драгоцена и важна. Ситуацијата е критична во нашата земја. Очекуваме резултати од мерките што се спроведени, но нема потреба од рестрикции. Иако сме подготвени и за такво нешто“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Денес пет болнички возила од АРМ се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против пандемијата на корона вирусот.Филипче се заблагодари за оваа помош и додаде дека тоа е многу драгоцено во овие моменти.