Косовската влада одобри нови мерки во борбата против ширењето на корона вирусот, со што утре по 19 часот ќе се воведе полициски час во Приштина и во уште шест други општини.
Новите мерки, претставени од премиерот Авдулах Хоти, ги дефинираат карантинот и дозволената работа на угостителскиот сектор во зависност од зоните во кои се наоѓаат општините.
Економските активности ќе бидат дозволени од 5 до 18, 19 или 20 часот, во зависност од проценетата зона на ризик во која се наоѓа одредена општина, пренесува Косово онлајн.
Општините се поделени во три различни зони, според бројот на заразени: црвена зона со висок ризик, жолта зона со среден ризик и зелена зона со најмал ризик.
Општините Приштина, Подуево, Јужна Митровица, Пеќ, Ѓаковица, Гнилане и Урошевац се во црвената зона.
Овие општини се смета дека се изложени на висок ризик од инфекција со коронавирус, бидејќи во рок од една недела имаат повеќе од 150 заразени на 100.000 жители.