Капитенот на Хрватска против Турција играл со инфекција од коронавирусот

Домагој Вида, капитенот на хрватскат фудбалска репрезентација кој синоќа ги предводеше „коцкестите“ на тестот против Турција (3:3) е позитивен на коронавирусот. Вида кој го одигра првото полувреме пред натпреварот не знаел дека е позитивен на вирусот.

Медицинската служба на хрватската репрезентација добила информација на полувремето дека постои еден потенцијално позитивен тест. Селекторот  на Хрватска Златко Далиќ во тој момент решил да го замени Вида, па докторите го изолирале репрезентативецот според сите прописи.

Вида следните денови ќе биде во самоизолација во Истанбул, додека останатите репрезентативци и членови на стручниот штаб кои се негативни ќе заминат на мечот со Шведска од Лигата на нации.

Треба да знаете
Последни објави