Исклучително редок виолетово-розов дијамант е продаден на аукција на „Сотби“ во Швајцарија за 26,6 милиони долари.
Дијамантот од 14,8 карати наречен „Духот на розата“ е најголемиот од ваков вид што досега се појавил на аукции, бидејќи 99 проценти од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати, пренесува „Би-би-си“.
World's largest purple-pink diamond up for auction https://t.co/Ekuv5igNf1 pic.twitter.com/DvHcrmAKW7
— Economic Times (@EconomicTimes) November 11, 2020
Благодарение на неговата големина, ретка боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна висока цена на аукцијата на аукциската куќа Сотби во Женева.
Името на купувачот не е познато. Дијамантот е ископан во Русија во рудникот Алроса во 2017 година.